еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Добро утро креативци“: Саем за размена на креативни искуства и размисли

Оваа година на 21 мај, од 13:00 часот во Центарот за иновации и дизајн „Јавна соба“, по вторпат ќе се одржи Саемот за размена на креативни искуства и размисли насловен како: „Добро утро креативци“

Настанот е во организација на „Скала Магазин“ – прва дигитална платформа за дизајн и современа уметност, отворена за промоција на домашните млади креативци, нивно поврзување со индустријата и поддржување на културните настани и сцена, а со поддршка на Young Cities и Democracy Lab.

„Целта на овој Саем е на едно место да се соберат и претстават актуелните случувања во креативните индустрии, уметноста, дизајнот, културата и образованието. Програмата оваа година е со проширен формат и вклучува саемски изложбен и продажен простор на 13 учесници – дизајнери на рачни изработки (книги, накит, графики, мурали, облека, модни додатоци, светлосни елементи итн.), 7 музички перформанси, панел дискусија за NFT и галериска изложба на 13 млади и возрасни, докажани врвни македонски уметници. Тоа се вкупно 35 учесници и мноогу публика“, велат организаторите.

Саемско претставување од 13 до 19 часот ќе имаат: Ана Јовановска, Академија за моден дизајн од „Џолев и уметностите“, Данче СтанковиќЕлена Ристовска, Еснаф, Јулија БарбунМирјана Јосифоска, Сказнувалка, Книговез, ХОПС, Хеклана, 5 до 12 и Reд.

Галериската групна изложба ќе биде отворена во 20:00 часот на којашто ќе се најдат сликарски дела, графики, илустрации, фотографии и скулптури од 13 автори: Ана Трајковска, Андреј Митевски, Андреј ПавловДавор Кешќец, Дамјан Ристевски, Дејан Џолев, Душан Стефановски, Жарко Башески, Јовица Мијалковиќ, Мирослав Масин, Сергеј Андреевски, Симон Шемов и Стефан Младеновски.

Панел-дискусијата ќе се одржи во 18:00 часот на тема: NFT – механизам за продажба на уметност или медиум? каде што збор ќе имаат Иван Ивановски и Андреј Димов, а за музичкиот дел од 13:00 до 01:00 по полноќ ќе бидат задолжени: Мирко Попов, Марко Вилиќ, Luka Kekic, Baltiq, Георги Трајков и Lepi Хhoni + Shema Crew.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Првиот автомобил БМВ ИКС 1 од инстант лозот Мини и Макси отпатува за Битола

Редакција

(Фото) Македонскиот BtoBet со две нови општествено одговорни акции

Редакција

Првата миризлива Mastercard® дебит бесконтактна картичка на Еуростандард Банка

Редакција