Доктор Драган Даниловски вели дека омикрон сојот пламна како шумски пожар, но како и секоја огнена стихија, почна да се задушува сам во себе. Сѐ повеќе му недостасува „кислород за горење“.
„Во Македонија врвот на бранот го достигнавме на 18 јануари – порано отколку што прогнозиравме (крајот на јануари). Оттогаш трендот на нови заразени е надолен. Грубо, колку што траеше растот, толку ќе трае и падот.
До крајот на февруари, омикронот ќе спласне. И ќе се одржува на ендемично ниво, некое време, пролетта… За веќе понатаму да се сведе на спорадични (неповрзани меѓу себе, единечни, случаи).
Понатаму, ќе го имаме меѓу нас, сосема исто како што го имаме сезонскиот грип,“ изјави Даниловски за Нова Македонија.
Тој останува на ставот дека со короната е завршено и дека на пролет ќе се сведе на сезонски грип.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Д-р Драган Ѓорѓиевски: Омикрон често ги напаѓа очите
„Атипична силна главоболка, гребење во грло“: Д-р Беќаровски ги објаснува симптомите на омикрон
Фото: МЗ