еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Првите осум секунди се клучни за привлекување на вниманието, вели Петров

ПР експертот и основач на Пи Ворлд, Коста Петров викендов е предавач на последниот модул „Принципи на феминистичко лидерство и јавност“ од програмата „Future is Feminist“.

Петров, во своето излагање потенцираше дека една жена сама не може да направи општествена промена, туку потребно е жените да се поврзат меѓусебе, да се бодрат и да бидат поддршка една на друга. Тој истакна дека комуникацијата е најважна за било која професија, особено за девојките и жените што сакаат да ги зајакнат своите лидерски способности, да основаат сопствен бизнис или да се активираат во политиката.

Во делот на комуникацијата со јавноста, Петров информираше дека првите 8 секунди се клучни за привлекување на вниманието без разлика дали станува збор за видео, соопштение или ПР текст.

Денеска, јавноста го чита само насловот и првиот пасус од текстот, и доколку од самиот
старт не се заинтересира јавноста за вашата приказна тогаш содржината ќе остане само на веб-страницата на организацијата и компанијата.

На модулот, тој презентираше студија на случај за историскиот успех на Евровизија кадешто Македонија во 2019 година го освои второто место. Петров истакна дека многу е важно да се активираат вистинските луѓе коишто веруваат во вашата идеја и визија.

Петров посочи дека програмата „Future is Feminist“ ги учи девојките како да ги усовршат своите вештини во застапување и активизам со цел создавање позитивна и трајна промена на подобро.

„Феминистичкото движење е моќна сила за напредок, која се бори за поголема родова еднаквост во сите аспекти на животот и настојува да ги предизвика и промени системските бариери кои ги спречуваат жените да напредуваат во општеството“, рече Петров.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Редакција

Гест за почит на општина Кавадарци: Обезбедена помош за девојче кое остана без двајцата родители

Редакција

Куче покажа што е лојалност и љубов, со денови чекало пред болницата во Прилеп каде се лекува неговиот сопственик

Редакција