еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Министерот за економија Крешник Бектеши позитивен на Ковид-19

Министерот за економија Крешник Бектеши на својот фејсбук-профил објави дека е позитивен на Ковид-19. Резултатот од тестирањето го добил денеска, и како што пишува, нема никакви симптоми и се чувствува добро.

„Сакам да ве известам дека и покрај максималните напори за почитување на протоколите и мерките за заштита од коронавирусот, добив информација дека сум позитивен на Ковид-19, тестот е направен утрово.

За среќа, немам никакви симптоми и се чувствувам добро, а членовите на моето семејството по денешното тестирање се негативни на тестот за Ковид-19,“ наведува Бектеши.

Тој ги повика граѓаните да се придржуват кон протоколите и мерките за заштита од коронавирусот.

– Здравје и среќа за сите!, ви посакувам се најдобро на вас и вашите семејства! Заедно со вашата поддршка, ќе го надминеме овој предизвик!, напиша Бектеши.

Фото: Бектеши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тамара: Од дното на моето срце Ви се извинувам поради пропустот што го направив при пеењето на химната

Редакција

Реновираната бензинска станица на „Макпетрол“ во Тетово е пуштена во употреба

Редакција

Стејт депратмент: Македонија презема напори, но не ги исполнува целосно стандардите за елиминирање на трговијата со луѓе

Редакција