еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Доктор Илир Љума: Небулоза е дека вакцината дава посилен имунитет од прележаната болест

Лекарот од Тетово и поранешен заменик министер за здравство Илир Љума во разговор за МКД ја спори политиката на вакцинација и односот на здравствените власти кон лицата што ја прележале болеста.

Тој реагира на изјавата на министерот за здравство Венко Филипче кога вели дека вакцинираните создаваат посилен и потраен имунитет од прележаните од болеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Имунитетот од вакцината е подолготраен и поефикасен, вели Филипче

„Тоа е небулоза, таквиот став не е базиран на научни докази. Имунологијата вели дека имунитет се создава преку прележување на вирусна инфекција и дека имунитетот трае или до една година, или може да трае и доживотно, зависно од видот на вирусот.

Ќе дадам само еден практичен пример: крвната плазма нели, се применува во лекување на болните. Плазмата се зема само од прележани лица од Ковид-19. Дали се зема крвна плазма од вакцинирани лица? Не.

Ете цврст доказ за Комисијата за заразни болести дека грешат. А, прележаните лица треба да се вакцинираат против коронавирусот дури откако ќе им падне имунитетот, а не и тогаш кога тестот покажува дека имаат висок имунитетот на овој вирус”, вели Љума.

Тој вели дека медицината се базира на научни докази и дека само така треба да се третира оваа болест и нагласува дека ставот на Комисијата за заразни болести е погрешен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Петличковски за СП: Природниот имунитет е подобар од вакциналниот, тоа не значи да се „трча„ по инфекција за подобар имунитет

Пановски: Природниот имунитет е посилен од вештачкиот, дајте им 6 месеци на прележаните за да се вакцинират

Др. Зафировски: Имунитетот кај прележаните од Ковид-19 трае од 6 до 12 месеци

Доктор Даниловски: Зошто упорно се инсистира на две дози кај прележаните, во кои студии е напишано дека нивниот имунитетна трае 45 дена

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

69% од позитивните на Ковид-19 во последните 4 месеци не биле вакцинирани

Редакција

(ВИДЕО) 38-годишен тетовчанец, татко на две деца се излечил од Ковид-19, но не го преживеа пожарот во ковид-центарот

Редакција

Денеска умерено oблачно и ветровито време

Редакција