Алтернатива на кампањата „Ако не се вакцинираш сега, од септември нема кафана”, според мене би била ако не се вакцинираш ќе се разболиш, вели микробиологот Никола Пановски.
„Во овој стил би требало да оди по медиуми:
„Драги граѓанки и граѓани, од септември се планира училиштата да работат со физичко присуство на децата. Децата се со екстремно низок ризик од компликации од ковид, но може лесно да се инфицираат и без или со симптоми слични на настинка да ви го донесат вирусот дома и да ве инфицираат вас родителите, или вашите родители.
Ризикот кај вас од компликации од ковид, доколку не сте ја прележале болеста или не сте вакцинирани е многу повисок отколку кај децата, реален е и многу веројатен. Обезбедени се бесплатни безбедни вакцини за да се заштитите, има време да го направите тоа. Изборот е ваш.
Вакцината е доброволна, никој нема право да ве присилува да ја примите,“ напиша Пановски на неговиот Фејсбук-профил.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вакцинацијата не е задолжителна, но ќе биде ли „присилна“