Професорот на Медицинскиот факултет, доктор Никола Пановски за Слободен печат вели дека вакциниран граѓанин со една доза е исто како невакциниран, особено првите денови, односно првата недела по нејзиното администрирање.
–Првата недела по примањето на првата доза, вакцината нема ама никаква улога! Граѓанин вакциниран со една доза, никаде во светот не се смета за комплетно вакциниран, освен кај нас.
И второ, препораката за прележаните до 45 дена, не е од Светска здравствена организација, не е од Центар за контрола и превенција на болести, не е од никаде. Тоа е нивни изум, да ги наградуваат вакцинираните, да може да шетаат да ја шират болеста и да се разболат.
Вакцинација по прележување од 45 дена не постои никаде во светот. Некаде е 9, а на други места и 12 месеци. Ова нема врска со медицина.
За Фајзер, имунитет се создава 2 недели после втората доза. За кинеските, после месец ипол по втората доза. Значи имунитетот после првата доза на Фајзер, се создава по 35 дена. А за кинеските месец ипол до два после втората доза.
Им даваат лажна надеж на луѓето, зашто во тој меѓупериод по првата вакцина, може да се разболат и може да ја шират болеста. И ова со една доза, е нивен изум. Никаде во светот со една доза не може да се добие влез во ресторани.
Нека излезе доктор, професор, од Медицински факултет да ги одбрани овие мерки од медицински аспект, ги повикувам. Нема ни од Комисијата некој таков што ќе излезе, зашто ова е стручна работа, а не политичка.
Друго, да кажат колку од прележаните повторно се разболеле. Тоа е минимален број, многу помал отколку вакцинираните. После првите 3 месеци, имунитетот од прележаност е посилен од имунитетот од вакцините за делта сојот.
За делта сојот, после првите три месеци драстично паѓа одбраната. По 3 месеци ако си прележан, многу повеќе си заштитен, отколку ако не си прележан. Тие цитираат трудови за мерење антитела после месец дена од вакцинирањето. Ама тие антитела паѓаат, вели Пановски за Слободен печат, и апелира граѓаните кои примиле една доза вакцина деновиве или ќе ја примат следниот период, а не прележале Ковид-19, да не влегуваат во објектите каде власта им дозволува да влегуваат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Доктор Пановски со апел до граѓаните вакцинирани со една доза за влегувањето во кафани и кафулињата