Во интервју за ТВ 24, доктор Владимир Ристовски, кој работи во ковид-центарот во градската општа болница „8 Септември“ во Скопје, како причини за високата смртност од Ковид-19 во Македонија ги посочува организацијата на здравствениот систем, здравствената култура на граѓаните, процентот на вакцинација, задоцнетата вакцинација, претходните заболување, немањето протоколи, недостатокот на медицински кадар…
За високиот процент на заразени и починати млади во последниот бран, вели дека скоро 95% од нив кои биле хоспитализирани во оваа установа биле невакцинирани.
-Починатите пациенти најчесто имаат некој коморбидитет или зголемена телесна тежина, вели Ристовски, кој посочува и дека бројот на пост-ковид компликации е зголемен.
-Нив ќе ги поделам на два типа: минорни и мајорни. Минорните ги имаме секојдневно во нашите амбуланти: срцебиење, варијации на крвниот притисокот и недостиг на воздух. Секој втор пациент што прележал Ковид-19 се жали на тие симптоми.
Мајорните, животнозагрижувачки, се срцевиот инфаркт, чиј број е намален во однос на претходните бранови, но сепак се присутни, вели Ристовски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од СЗО за ТВ 24 објаснуваат зошто има толку голема смртност од Ковид-19 во Македонија
Проф. Трајковски пресмета колку е реалната смртност од Ковид-19
Фото: ТВ 24