еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Пејачката Велевска за разводот: Ставив крај на семејното насилство

Деновиве медиумите објавија дека пејачката Елена Велевска се разведува од нејзиниот сопруг Марјан и по тој повод таа се огласи на социјалните мрежи.

„Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го „распослал“ приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.

Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.

Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме- за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…Животот за нас оди понатаму. Ви благодарам на разбирањето и поддршката“, напиша Велевска на нејзиниот фејсбук профил.

фото: Фејсбук-профил на Елена Велевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За велигденските празници дожд, грмежи и ветер

Редакција

Четири години од смртта на Калина и Александар: Петто зимско планинарско искачување на Клепа, во нивна чест

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Присуството на антитела значи заштита од Ковид-19, не е важно колкав е нивниот број, вели доктор Киријас

Редакција