еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Тие што прележале Ковид-19 да се вакцинираат по еден месец, препорачува Националниот комитет за имунизација 

Министерството за здравство (МЗ) ја информира јавноста за препораките на Националниот комитет за имунизација.

“Стручните препораки во однос на имунизација против Ковид-19 се дефинираат водејќи се од потврдени и прифатени податоци и докази кои потекнуваат од здравствените организации одговорни за следење на инфективните болести како Европскиот и Американскиот Центар за инфективни заболувања (CDC и ECDC), од регураторните медициски агенции ЕМА и ФДА и од СЗО.

Препораките од сите овиe организации е дека за комплетна имунизација против Ковид-19 потребно е добивање на две дози (со исклучок на вакцината на Ј&J, која се прима само во една доза) во дефиниран интервал, 14 дена по примање на втората доза.

Во однос на типот на вакцините, потребно е имунизација да се изведе со вакцина од ист прозводител, освен доколку не постои здравствена контраиндикација за истото.

Прележувањето на Ковид-19 не преставува пречка за вакцинација и лицата кои ја имаат прележано болеста треба да се вакцинираат.

Имунитетот кој се создава по прележување на болеста, како и самиот тек на болеста е индивидуален и може да биде комплетно асимтоматски со постигнување на послаб имунитет, до тешки облици и компликации од болеста и состојби на т.н пролонгиран Ковид-19.

Временскиот период од прележување на болеста до вакцинација е најмалку од месец дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако вакциниран со две дози се зарази со Ковид-19 прележува без тешка клиничка слика, велат од Националниот комитет за имунизација

Одредување на нивото на антитела не се препорачува и нема влијание врз вакцинацијата.

Кај лицата кај кои во тек на лекувањето дадена е терапија со моноклонални антитела или конвалесцентна плазма, вакцинацијата може најрано да биде по 3 месеци од терапијата и комплетно оздравени од болеста“, информираат од МЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Доктор Кунгуловски: Прележаните од Ковид-19 имаат слична заштита како и вакцинираните, од каде излезе оваа со 45 дена

Доктор Пановски: Има прележани лица кои даруваат крвна плазма, но не смеат да влезат во кафуле. Кој е тој парадокс?

Каде се нема да можете да влезете ако не сте вакциниран или не сте прележале Ковид-19

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кризниот штаб препорачува изолацијата поради Ковид-19 да трае 7 дена наместо 10

Редакција

Се што треба да знаете за тироидната жлезда – грејното тело на секој човечки организам

Редакција

Доктор Пановски: Вирусот со сите почести е пречекан од нашите власти, но и од неодговорноста на граѓаните

Редакција