еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Каде се нема да можете да влезете ако не сте вакциниран или не сте прележале Ковид-19

Владата на последната седница донесе одлука за неколку мерки со кои се ограничува влезот во затворени, но и во отворени делови на објекти за невакцинирани и граѓани кои не го прележале Ковид-19.

Без разлика на капацитетот и бројот на посетителите од денеска за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи: сертификат/потврда за извршена вакцинација од вирусот Ковид-19, односно примена најмалку прва доза вакцина против Ковид – 19 или сертификат/потврда за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во шопинг молови, казина и обложувалници само со потврда за вакцина или потврда за прележан Ковид-19

Без разлика на капацитетот во кафана или кафуле само со потврда за вакцина или прележан Ковид-19 во последните 45 дена

Како што информираа од Владата оваа мерка задолжително ќе се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе лица, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните Ковид – 19 документи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во карантин ќе одат македонските граѓани кои од 1.септември за влез во земјава ќе немаат ПЦР-тест, потврда за вакцина или прележан Ковид-19

Од 1 септември влез или излез од земјата со сертификат за вакцинација, за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР- тест

Од 1. септември пак за влез во Македонија ќе ви треба потврда за вакцинација или прележан Ковид-19 или пак ПЦР-тест.

„Од 1 септември 2021 година домашни и странски државјани ќе можат да влезат на територијата на Република Северна Македонија доколку претходно на граничниот премин приложат: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот Ковид-19, односно примени најмалку две дози на вакцина против Ковид-19 или сертификат/потврда за прележан Ковид-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето или медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, направен 72 часа пред влез на територијата на Република Северна Македонија“, информираа од Владата, а македонските граѓани кои при влез во земјава нема да ги поседуваат овие ковид документи ќе одат во карантин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Професорот Трајковски пресмета колку лица ќе можат да се надеваат на влез во кафеана или патување во странство со прележан ковид 45 дена од оздравувањето

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Здружение на јавните обвинители: Заканите упатени кон Јовески се закана кон целата институција

Редакција

Ковачевски откри зошто го викаат Таче

Редакција

И големите маркети се надеваат на помош од државата, бидејќи сметките за струја им биле шест пати повисоки

Редакција