еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Без разлика на капацитетот во кафана или кафуле само со потврда за вакцина или прележан Ковид-19 во последните 45 дена

Владата на денешната седница донесе одлука дека за влез во угостителски објекти, кафулиња и барови, без разлика на капацитетот и бројот на присутни посетители/гости/лица, како и за настан од секаков вид (прослава, веселба, свадба, роденден, крштевка, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културен или спортски настан, обложувалници, казина), задолжително е поседување, приложување и проверка на еден од следните документи: сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примена најмалку прва доза вакцина против заразната болест Ковид – 19 или сертификат/потврда за прележан Ковид – 19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, за лица над 18-годишна возраст.

“Оваа мерка задолжително се применува и за организација, работа и присуство/учество и на секаков вид на настан на отворен простор, каде има повеќе, како и за влез во затворениот дел од моловите.

Дополнително, во сите угостителски објекти, кафулиња и барови опфатени со оваа мерка каде капацитетот е поголем од 30 посетители/гости/лица, задолжителнo e воспоставување редарска служба од страна на правниот субјект за контрола и спроведување на мерката.

Додека пак во угостителските објекти со капацитет помал од 30 лица контролата на поседувањето на Ковид – 19 сертификатот на посетителите е должност на редовно вработените лица.

Овие мерки стапуваат на сила по нивното објавување во „Службен весник“, односно од утре 18 август 2021 година.

Останува забраната за организација на свадби, веселби и прослави во објекти од затворен тип, додека друг тип на настани на затворено и натаму може да се организираат со исполнетост до 30% од капацитетот на местото каде што се одржува настанот и ограничен број на посетители до максимум 1.000 посетители со задолжително поседување, приложување и проверка на еден од задолжителните Ковид – 19 документи“, велат од Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во шопинг молови, казина и обложувалници само со потврда за вакцина или потврда за прележан Ковид-19

Во карантин ќе одат македонските граѓани кои од 1.септември за влез во земјава ќе немаат ПЦР-тест, потврда за вакцина или прележан Ковид-19

Од 1 септември влез или излез од земјата со сертификат за вакцинација, за прележан Ковид-19 во последните 45 дена или негативен ПЦР- тест

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонскиот јазик паркиран во Дојран

Редакција

Ќе ја смени ли Филипче одлуката за возраста за вакцинирање со „АстраЗенека“, следејќи го примерот на Германија

Редакција

„Одма се чуствува дека имаме Антикорупциска“: Твитер за тоа дека баџанакот на Џафери ќе ја „проверува“ Мира Дизел

Редакција