еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Ќе ја смени ли Филипче одлуката за возраста за вакцинирање со „АстраЗенека“, следејќи го примерот на Германија

Германија донесе одлука дека сите може да се вакцинираат со „АстраЗенека“ без разлика на возраста. Со тоа се поништува претходно донесената одлука, дека со оваа вакцина може да се вакцинираат само лицата над 60 години.

Имајќи предвид дека министерот за здравство Венко Филипче во однос на возраста за вакцинирањето со „АстраЗенека“, се повикуваше на одлуките на Германија, прашање е, дали повторно ќе го следи примерот од оваа европска земја и ќе ја смени одлуката.

Филипче, поради тоа што Македонија не вакцинира лица под 60 години со „АстраЗенека“, не се договори со српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, да ги донесе вакцините на „АстраЗенека“ во Македонија, за тие под 60 години.

А најголем дел од над 10.000 граѓани кои се вакцинираа во Србија, се вакцинираа токму со „АстраЗенека“.

Наспроти убедувањата на стручњаците дека вакцината „АстраЗенека“ е одлична и дека ризикот од тромбоза е незначително мал, Филипче си остана на ставот дека оваа вакцина нема да се аплицира на лица под 60 години.

Вакцината „АстраЗенека“ е една од најиспитуваните вакцини од страна на Европската агенција за лекови (ЕМА), која даде препорака секоја од државите сама да одлучи за која возраст ќе ја дава, потенцирајќи дека приодобивките ги надминуваат ризиците.

Доколку се следи примерот со Германија, еве можност Филипче да ја смени одлуката, па вакцините „АстраЗенека“ од Србија да ги донесе во државата и ревакцинацијата да се направи овде.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германија ја промени одлуката за „АстраЗенека“: Нема ограничување на возраста, може да се вакцинираат сите

Лончар понуди, но Филипче одби да ги донесе вакцините од Србија во Македонија, за граѓаните да не мора да се ревакцинираат таму

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Левица бара да се отфрли „францускиот предлог“: Ги содржи сите негаторски бугарски барања

Редакција

(Фото) Водителот Марко Новески стана татко, доби близнаци

Редакција

(Фото) ВМРО-ДПМНЕ: Милен Врабевски, финансиерот на бугарските клубови бил гостин на Заев во Владата

Редакција