еМагазин
Image default
Свет

Германија ја промени одлуката за „АстраЗенека“: Нема ограничување на возраста, може да се вакцинираат сите

Германија ќе дозволи вакцината на „АстраЗенека“ против Ковид-19 да се дава на луѓе од сите возрасти, изјави германскиот министер за здравство Јенс Шпан.

Со ова се поништи претходната одлука со која вакцината на „АстраЗенека“ беше дозволена само на постари од 60 години.

Шпан исто така рече дека Германија планира до крајот на август да им ја понуди вакцината на деца на возраст од 12 до 18 години, под услов регулаторите да ја одобрат вакцината на „Фајзер“ за таа возрасна група.

Според институтот Роберт Кох, досега околу 30,6 проценти од 83 милиони жители на Германија се вакцинирани со најмалку една доза, а 8,6 проценти се целосно вакцинирани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе ја смени ли Филипче одлуката за возраста за вакцинирање со „АстраЗенека, следејќи го примерот со Германија

МИА/Фото: Photo by Spencer Davis on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ердоган: Испраќањето тенкови не придонесува за решавање на украинскиот конфликт

Редакција

(ВИДЕО) Три лица убени во терористички напад во Ница, едното обезглавено

Редакција

(Вознемирувачко видео) Цивили убиени од руските сили при обид да побегнат од Ирпин

Редакција