еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

До средината на 2022 година може да се очекува крај на пандемијата, вели шефот на Бионтек

Шефот на фармацевтската компанија „Бионтек“, Угур Сахин говорејќи на Самитот на извршни директори во организација на Волстрит џурнал откри кога светот може да се ослободи од заштитни маски, карантин и затворање, и да се врати во „нормалниот“ живот.

– Треба да обезбедиме навистина високо ниво на вакцинација низ целиот свет. Во спротивно, никој нема да биде безбеден, рече Сахин и додаде дека пандемијата ќе заврши само кога целиот свет ќе достигне ниво на имунитет на стадо.

– До средината на 2022 година, дури и многу густонаселени региони, како што е Индија, може да постигнат висок степен на вакцинација и имунитет на стадо. Во следните 12 месеци ќе видиме се поголем број на индустриски, сиромашни и земји во развој кои ќе успеат да ја постигнат оваа цел, додаде Сахин.

За да се постигнат овие цели, ќе биде потребно да се зголеми производството на вакцини, но и да се почне мешање на различни вакцини против Ковид-19.

– Колку повеќе вакцини имаме, толку подобро … Теоретски можеме да ги мешаме затоа што на крајот нашата цел е да постигнеме имунитет на стадо. Сакаме да имаме што повеќе вакцинирани луѓе, додаде Озлем Туречи, коосновач на компанијата и главна лекарка во Бионтек.

Таа исто така откри дека тие водат преговори со Кина со цел вакцината на Фајзер/Бионтек да биде достапна во земјата како еден вид додаток на кинеските вакцини, особено за вакцинирање на стари лица.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Забрана за капење во велешкото езеро „Младост“

Редакција

Фондот за иновации за три години потрошил 750 илјади евра за хонорарци, откри Државна ревизија

Редакција

Убава вест: Оздравени 28 болни од Ковид-19

Редакција