еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фондот за иновации за три години потрошил 750 илјади евра за хонорарци, откри Државна ревизија

Државниот завод за ревизија го објави Конечниот ревизорски извештај за извршената ревизија на усогласеност на „Финансиската поддршка (кофинансирани грантови) за микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој“ на Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) за периодот од 2019 до 2021 година.

Според извештајот, ФИТР во овој период потрошил 750.000 евра за ангажирање на надворешни соработници, а 250.000 евра за ангажирање на стручњаци кои требало да ги оценуваат проектите, а ниту тие како експерти не го поминале процесот на тестирање и интервју.

Поради зголемениот обем на работа ФИТР континуирано ангажирал надворешни лица.

ОД ДЗР сметаат дека ангажирањето на лица со договор за дело и покрај обезбедената согласност од надлежното министерство, придонесува за нетранспарентност и субјективно постапување при склучување на договори и одредување на месечниот надоместок за работниот ангажман на лицата кои се континуирано ангажирани во ФИТР подолг временски период.

Со ревизијата е констатирано дека во периодот 2019-2021 година, ФИТР ангажира стручни лица за евалуација и давање на стручно мислење на проектите од објавените јавни повици за финансиска поддршка.

„Од страна на ФИТР не се преземени активности за категоризација на запишаните стручни лица во соодветни секции во Регистарот од кој ќе се избираат стручните лица по систем на ротација, не е формирана Комисија за оценување на стручните лица, не е донесен акт за работа на Комисијата и не се врши тестирање и интервју за оценување на стручните лица, врз основа на што ќе се изврши ажурирање на листата со редните броеви на стручните лица запишани во Регистарот.

Доделувањето на финансиска поддршка е сложен процес, а за следење и контрола на реализацијата на договорите е потребен стручен и компетентен кадар, со кој ФИТР во периодот на вршење на ревизија не располага , поради што не може да одговори на предвидените обврски од склучените договори.

Поради наведеното, а со цел навремено извршување на обврските кои произлегуваат од договорите склучени со корисниците, чии проекти се одобрени за финансирање, ФИТР објавува јавен повик Услуги за управување со проекти (мониторинг) “, стои во извештајот.

Линк до извештајот: dzr.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки плати во Македонија

Редакција

Девизните резерви во февруари околу 4,35 милијарди евра

Редакција

Поевтинува мазутот, цените на бензините остануваат исти

Редакција