еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

Можно е раздвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, повтори еврокомесарот за проширување Вархеји

Иако процесите за членство на Северна Македонија и Албанија во ЕУ досега течеа заедно, Брисел би можел да ги раздвои и да ги почне пристапните преговори со Тирана, доколку продолжи бугарската блокадата на Скопје и не се најде заеднички прифатливо решение со Софија, изјави еврокомесарот за проширување и соседска политика, Оливер Вархеји.

Тој за Еуроњуз вели дека ако продолжи застојот во случајот со С Македонија, ќе се разгледа можноста Албанија сама да продолжи на европскиот пат.

– Ако повторно наидеме на тешкотии со Северна Македонија, што значи дека не сме успешни во убедувањето на Бугарија и Северна Македонија за обострано прифатливо решение, тогаш прашањето е дали можеме да одиме напред само со Албанија. И ќе мора да го разгледаме тоа прашање, рече Вархеји.

За тоа дали формалното „раздвојување“ е опција, тој одговори: „Да, тоа би можело да биде опција“.

Можноста за раздвојување на Македонија и Албанија, Вархеји ја најави и за време на посетата на Скопје во вторникот.

-Напорно работиме на случајот на Северна Македонија, но уште не сме до посакуваната цел. Работиме со членките на ЕУ да се најде решениe и да се постигне согласност. Ова е процес кој се базира на постигнувања. Албанија ги има постигнато условите, но ако нема договор за Северна Македонија, мислам дека ќе дојде момент кога ќе треба да ја разгледуваме и таа опција.

Разговаравме со Заев за ова прашање, се согласивме дека ќе мора да се постигне напредок од двете земји, рече Вархеји на прес-конференцијата во Скопје.

За разлика од Вархеји, некои земји членки на ЕУ како Германија и Австрија отворено се изјаснија против можноста да се разделат С Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, поради бугарската блокада кон Скопје.

Вчера и премиерот Зоран Заев кажа дека Скопје и Тирана треба да одат заедно кон ЕУ.

-Треба да се движиме заедно, меѓусебно ќе си помагаме во целиот овој процес, рече Заев.

Упати и порака до ЕУ дека е исправена пред сериозен одговор, какви европски вредности и какви пораки ќе испрати кон Северна Македонија, кон Западниот Балкан, но и кон граѓаните на Унијата.

Побара од Брисел да остане на ветеното и да го испорача тоа што земјава го има заслужено.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Пола балканска естрада на роденденот на „Бекстејџ“

Редакција

Струмичанката и прилепчанецот кои починаа од корона вирусот биле со претходни заболувања

Редакција

(ВИДЕО) Милијардерот Безос со брат му се „прошета„ до вселената: Еве како изгледаше полетувањето и слетувањето

Редакција