еМагазин
Image default
Забава ТОП СТОРИИ

(Фото) Пола балканска естрада на роденденот на „Бекстејџ“

Вчеравечер, најгледаниот естраден магазин „Бекстејџ“ го прослави својот 16. роденден.

Роденденската прослава беше во хотел „Холидеј Ин“, а на истата присуствуваа голем број лица од македонска и балканска естрада.

На роденденската прослава беа доделени признанија на најуспешните соработници од музичката, спортската и телевизиска сфера. Меѓу гостите беше дел од џетсетот на македонската естрада, балкански музички ѕвезди, како и политичари.

Директно од Белград, на роденденот на „Бекстејџ“ дојдоа мега популарните Нучи, Зера, Хени и Попов, кои добија награди и уживаа до самиот крај на манифестацијата.

Награди добија и Лара Иванова, Пајак, Галоски, Сара Климоска, Елиф Елмас, нашите одбојкари, Либеро бенд, Владо Јаневски, српскиот инфлуенсер Марко Маријоковиќ и единствениот Дарко Димитров.

Награда за општествено одговорна кампања доби „Макпетрол“, наградата за најуникатен локал ја доби „Голд Фелициа“, а „Универзитет Скопје“ доби награда за поддршка на македонската музичка сцена.

-Бекстејџ има свој печат кој што се разликува од останатите. Роденденската прослава на Бекстејџ сигурно е еден од нив. Не само затоа што е настан каде се собира цела јавна фела, туку затоа што со тие неколку часа прослава ние раскажуваме цела една наша година.

И не се фалиме самите себе си, туку на пиедестал ги редиме достигнувањата на другите видени низ наша призма, вели уредничката Ева Јакимовска.

Пред 16 години стартуваа со ентузијазам, денес продолжуваат со искуство и сериозна тежина зад себе. Бекстејџ е многу повеќе од она што го гледаме денес.

Да не заборавиме дека освен македонските и балканските ѕвезди, пред објективот на Бекстејџ се појавија и 50 CENT, Џони Деп, Тиесто, Зизи топ, Роџер Санчеџ, Пол ван дајк, Роберто Кавали, Дејвид Гета, Ели Голдинг, Виз Калифа, Моника Белучи и многу други.

Ретко кој медиум во Македонија може да се пофали со такви големи ексклузивни имиња.

Промотивна објава

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

25 македонски државјани се на лет од Кабул за Доха, се очекува евакуација на уште 50

Редакција

Заев ќе побара разрешување на Пауновски поради одбивањето да прифати дел од рамковните вработени

Редакција

Народна банка ја ревидираше стапката на инфлација: Годинава ќе биде 3,1%, шокови не се очекуваат

Редакција