еМагазин
Image default
Македонија

Здружение на јавните обвинители: Заканите упатени кон Јовески се закана кон целата институција

Здружението на јавните обвинители најостро ги осудува последните закани упатени кон државниот јавен обвинител Љубомир Јовески.

-Заканите упатени кон него, како највисок во јавнообвинителската хиерархија, претставуваат закана кон целата институција и сите носители на јавно обвинителската функција. Ваквите закани од било каде и од било кого да доаѓаат, најблаго речено се нецивилизациски чин.

Истите се во спротивност со сите меѓународни акти и востановени стандарди за функционирањето на Јавното обвинителство во секоја правна држава, се наведува во соопштението од Здружението на јавните обвинители.

Оттаму посочуваат дека Јавното обвинителство како институција има интегритет и сила, преку носителите на јавно обвинителската функција со правни средства да се бори против сите облици на криминалитет.

Во изврешувањето на функцијата на кривично гонење на сторителите на кривични дела, никој и со никакви средства не може да го спречи Јавното обвинителство, а уште помалку да го поколеба во извршувањето на неговите уставни и законски надлежности, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Закани по живот за обвинителот Јовески: „Ослободете ги новинарите на Алфа“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев најави почитување на европското законодавство за етничката припадност во личните карти

Редакција

Собранието наместо на 12, може да се распушти на 16 февруари

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 во скопските болници

Редакција