еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дождот помогна во гаснењето на пожарот на Криволак, има уште неколку жаришта во општина Василево

Пожарот кој вчера го зафати армискиот полигон Криволак е целосно изгаснат. Во текот на ноќта врнел силен дожд кој целосно го изгаснал пожарот, додека пожарот меѓу селата Владиевци и Требичино во општина Василево во текот на ноќта го намали својот интензитет, изјави за МИА директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Тој посочи дека од рано изутрината има уште седум – осум жаришта, каде се гледа чад, но нема активно горење.

– На терен се присутни 27 лица, од кои 15 лица од општина Василево, осум лица од тим на Дирекцијата за заштита и спасување и четири лица од Национални шуми Беласица.

Тие се обидуваат да ги изгаснат овие осум точки кои иако не горат, со зголемувањето на температурата во текот на денот можат да почнат да горат и да го продолжат пожарот понатаму, додаде Ангелов.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Успешна понудата за преземање на Мермерен комбинат од страна на Долит Инвестментс

Редакција

ЕКСКЛУЗИВНО: Логистичкиот центар на Лидл во Куманово ќе биде регионален, не само за Македонија

Редакција

Судот и ја отфрли жалбата на Јанева за определениот притвор

Редакција