еМагазин
Македонија

ДПА со поддршка за референдумот

Демократската Партија на Албанците синоќа одржа седница на централното претседателство во проширен состав заедно со претседателите на ограноците на партијата. На седницата се одлучи да се формира централен партиски штаб за претстојниот референдум кој ќе се одржи на 30 септември.

„Централното претседателство за претседател на штабот го избра генералниот секретар на партијата Имер Алиу, а други членови се : потпретседателите на партијата, претставниците на партијата во законодавната и извршната власт, претставници од подмладокот и од форумот на жените, вкупно се 13 членови во централниот штаб.

Централното претседателство на ДПА, утврди дека евроатлантските интеграции се едни од основните определби на програмата на ДПА, и истовремено е основна определба и барање на сите албанци без оглед каде тие живеат“, се вели во соопштението на партијата.

Од таму додаваат дека е донесена одлука во текот на викендот да се формират општинските и локалните штабови и официјално да започне со кампањата ЗА референдумот кој ќе се одржи на 30 септември.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дебар достави барање за пулмолог и инфектолог

Редакција

Со тензии продолжи судењето за „Меѓународен сојуз”

Редакција

УНЕСКО повторно со препорака да се преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Редакција