еМагазин
Image default
Бизнис

Драстично зголемување: Стопанска банка-Скопје оствари добивка од 44,6 милиони евра

Во периодот од 01.01.2018 до 31.12.2018 година Стопанска банка АД – Скопје оствари нето добивка за финансиската година во износ од 2.746.346.000 денари (44,6 милиони евра), што преставува зголемување за 34,4% споредено со нето добивката остварена во 2017 година, соопшти банката преку Македонската берза.

„Зголемениот резултат се должи на успешното редовно работење, пред се на зголемените нето приходи/(расходи) од камата како и нето приходи/(расходи) од провизии и надоместоци. Една од причините која има значително влијание на зголемениот резултат се должи и на ефектот од решениот статус на должникот Фени Кавадарци, кој во текот на 2017 година се соочи со влошување на состојбите, поради што СБ имаше потреба од издвојување на исправка на вредност.

За разрешување на статусот на должникот СБ склучи договор за продажба на своите побарувања, кој се реализираше во текот на март 2018 година со кој успешно се разреши овој случај“, информираат од банката.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Современ дом“ ја зголеми добивката

Редакција

Комерцијална банка лани со добивка од 31 милиони евра

Редакција

Надица Шиповиќ купи 33.675 акции од „Современ дом“

Редакција