еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Државна лотарија се придружува на глобалната кампања за подигање на јавната свест за ризикот од вклученост на младите под 18 години во игрите на среќа

Државна лотарија, како одговорен приредувач на игри на среќа, членка на Европска Асоцијација на лотарии и учесник во Кампања за одговорно дарување‒Gift Responsibly Campaign 2022, се придружува кон организациите ширум Европа и светот со цел подигање на јавната свест за ризикот од дарување инстант лозови на деца, информираат од таму.

Кампањата е во организација на National Council on Problem Gambling (NCPG) и на International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviors при McGill University.

-Истражувањата покажуваат дека колку порано, во текот на детството, е личноста изложена на игри на среќа, и на коцка, толку е поверојатно дека подоцна во животот може да развие проблематична страст кон коцкањето. Изложеноста во периодот на детството е најчесто можна преку различни продукти подарени од страна на возрасните, несвесни за можниот ризик.

Државна лотарија е компанија чијшто фокус е придонес во заедницата со директно инвестирање во фонд за општествено корисни цели, преку учество во игрите на среќа од страна на граѓани на возраст над 18 години. Компанијата ја поздравува потребата од овој вид глобална кампања за одговорно дарување и ја имплементира локално во прилог на поздрава младина.

Државна лотарија како поддржувач на Gift Responsibly Campaign, 2022, за време на празничниот период декември 2022 ‒ јануари 2023, работи на подигање на јавната свест за децата да не се вклучуваат во игрите на среќа, преку кампањата за дарување инстант лозови СРЕЌА ПЛУС, велат од таму.

Низ  рекламата кампања за дарување инстант лозови Државна лотарија потсетува дека инстант лозовите не се детска игра.

-Проблематичното коцкање меѓу младите стана значаен и брзорастечки здравствен проблем. Честитаме на Државна лотарија за посветеноста на јакнење на јавната свест за потребата од одговорно дарување игри на среќа преку Gift Responsibly Campaign, изјави Кејт Вајт, извршен директор на NCPG.

-Нашата порака е едноставна: инстант лозовите никогаш не може да се соодветен подарок за деца.

Празниците се време за дарување, а еден од најзабавните подароци за блиските и пријателитена возраст над 18 години, полн со возбуда и шанси за поголеми и помали добивки, се инстант лозови спакувани во прекрасните коверти СРЕЌА ПЛУС, велат од Лотарија.

-Избирањето подарок треба да се направи со одговорност и да се внимава на возраста на примателот ма подарокот.  Одговорното дарување ќе е и дел од кампањата на социјалните медиуми, а пораката ќе биде истакната и на два вида празнични коверти СРЕЌА ПЛУС.

Пораката е јасна и гласи: Инстант лозовите не се за детска игра. Ставот на Државна лотарија е дека на лица на возраст под 18 години не треба да им се даруваат инстант лозови и не треба да се вклучуваат во игрите на среќа.

Воедно и надвор од оваа празнична кампања Државна лотарија се придржува кон правилата за одговорно приредување игри на среќа, што е потврдено со сертификат за Responsible Gaming од Европска Асоцијација на лотарии, согласно што во континуитет се спроведуваат активности на ниво на компанија, велат од таму.

За National Council on Problem Gambling

The National Council on Problem Gambling (NCPG) е неутрална по прашањето за легално коцкање.

Со седиште во Вашингтон ДС, NCPG е единствената национална непрофитна организација којашто тежнее да ги минимизира економските и социјалните последици од зависноста од коцкање.

Доколку вие, или некој кого што го познавате, можеби, има проблеми со коцкање, контактирајте ја линијата за помош: National Problem Gambling Helpline, којашто нуди надеж и помош без стигматизирање и срам. Call or text 1-800-GAMBLER or visit www.1800gamblerchat.org.

Помошта е достапна 24/7 – бесплатно и дискретно.

За International Center for Youth Gambling Problems and High-Risk BehaviorsприMcGill University

Повеќе од 20 години „Интернационалниот центар за проблеми со коцкање кај младите и однесувања со висок ризик“, при Универзитетот Мекгил (International Centre for Youth Gambling Problems and High-Risk Behaviours at McGill University) предничи во најновите водечки истражувања со цел да се идентификуваат и разберат критичните фактори поврзани со проблемите од коцкање кај младите.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонски јазик ќе се учи и на Универзитетот во Анкара

Редакција

Иво Лауренчиќ постхумно прогласен за креатор за навек во регионот

Редакција

Роман од Венко Андоновски во Загреб, претстава во Бања Лука

Редакција