еМагазин
Image default
Македонија

Државниот инспекторат за животна средина цел на хакерски напад

Државниот инспекторат за животна средина соопшти денеска дека синоќа биле цел на хакерски напад.

-Околу 12:00 часот на полноќ, на 18-ти наспрема 19-ти јануари 2021 година, поголем број медиуми добиле стари соопштенија испратени од е-мејл адреси на Државниот инспекторат за животна средина, стои во соопштението на ДИЖС.

Според првичните информации, како што наведуваат оттаму, во консултации со стручни лица, потврдено е дека станува збор за хакерски напад во е-мејл платформата на Инспекторатот.

-Овој настан го сметаме за притисок врз работата и сакаме да ја известиме целата јавност дека ќе продолжиме со извршување на нашата работа, на транспарентен и отчетен начин, упорно и неселективно, се наведува во соопштението на Инспекторатот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета: 57,8% од граѓаните ќе излезат на референдумот, а 40,9% ќе гласаат „за“

Редакција

Мицкоски: Ако референдумот биде успешен и мнозинството е „за“, ќе го почитуваме тоа

Редакција

Во тензична атмосфера и со прегласување донесен Законот за јавно обвинителство

Редакција