Центарот за јавно здравје – Куманово, во последниве 24 часа регистрира шест новозаболени лица од Ковид 19.
Директорот на Центарот, д-р Ариф Љатифи информираше дека две лица се од Општина Куманово, а четири лица од Општина Липково.
– Имаме две новозаболени лица од село Лојане, Липковско. Останатите новозаболени од двете општини потекнуваат од веќе познати кластери, изјави д-р Љатифи.
Починатите две лица на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се од Општина Липково – пациентка на 47години примена на 12 јуни и 59-годишна пациентка примена на 14 јуни.
Вкупната бројка на дијагностицирани со Ковид-19 на подрачјето на ЦЈЗ – Куманово од почетокот на епидемијата изнесува 709, а активни се 254 случаи.
МИА/Фото: Општина Куманово
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Прв смртен случај во Кичево од Koвид-19
Чаир стигна до 413 активни случаи на корона вирусот: Детален преглед по скопските општини
Почна да се полни и болницата во Козле: Хоспитализирани 11 возрасни и 1 дете