Двајца ученици се избркани од училиште СУГС „Владо Тасевски“ во Скопје поради пцовки кон професорка за време на онлјан час, информираа од училиштето.
“Чувствуваме должност да ја известиме јавноста по однос на случајот со недолично однесување на ученикот кој вербално нападна наставник во нашето училиште и ученикот кој неовластено го снимил и го дистрибуирал видеото од срамното однесување на ученикот.
Денес заседаваше наставничкиот совет и ЕДНОГЛАСНО донесе одлука да ги ИСКЛУЧИ двајцата ученици.
СУГС Владо Тасевски е училиште во кое се почитуваат кодексот на однесување, правилникот за изведување на онлајн настава и секоја повреда ќе ја санкционираме!“, информиаа од училиштето на нивниот Фејсбук профил.
Видеото со навредите кон професорката, снимано од еден од учениците вчера заврши на социјалните мрежи Инстаграм, ТикТок и Твитер.