еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Чулев: Изборите минаа во мирна фер и демократска атмосфера

Овие парламентарни избори минаа во мирна, фер и демократска атмосфера и се уште еден доказ, како за демократската свест на граѓаните, така и за капацитетите на институциите, пред се на МВР, кои крајно одговорно бескомпромисно неселективно и согласно законски надлежности постапуваше, оцени вечерва министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

Тој додаде дека на ваков начин МВР претставувало силен гарант за спроведување на граѓанската волја, но, како што рече, и за почитување на словото на Уставот и на законите.

Притоа како што рече, биле преземени и мерки за заштита на здравјето на граѓаните, со оглед на тоа што овие избори се одржаа во услови на пандемија предизвикана од коронавирусот.

Тој изрази благодарност до сите вклучени во изборниот процес за тоа што тој поминал во демократска и фер атмосфера.

-Задоволство ми е и што успеавме во исклучително тешки околности да го дадеме својот максимум да ја обезбедиме безбедноста на овие парламентарни избори, дополни Чулев.

Министерот за внатрешни работи на прес-конференцијата информираше и за одредени неправилности и за мерки кои биле преземени и постапки кои биле покренати.

-Заклучно до 20 часот на сите осум сектори за внатрешни работи денеска од отворањето на гласачките места во 7 часот утрово вкупно беа евидентирани 151 настан, од кој за 31 настан наводите во пријавите по истите не се потврдени. Констатирани се девет прекршоци, рече Чулев.

Тој додаде дека заради расчистување на настани приведени се осум лица од кои четири за фотографирање на гласачко ливче – три лица за сторени прекршоци и едно кај кое било најдено гласачко ливче.

Најмногу прекршоци се пријавени на подрачјето на СВР Струмица – вкупно 38 настани, а по 31 во Скопје и Штип, СВР Битола регистрира 23 настани, СВР Куманово 14, СВР Тетово шест и СВР Велес пет, а најмалку односно три настани во Охрид.

Пријавите за настаните во најголем дел се за агитирање вкупно 75, 29 за давање поткуп,  испишување графити шест, нарушување на ЈРМ пет настани, фотографирање на гласачко ливче шест, седум случаи на попречување на гласачи и два настани настани кои се однесуваат на фотографирање на гласачи.

МИА/Фото: МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До петок сончево и многу топло со температури околу 40 степени

Редакција

„Марш за правда по 3 години власт е јак апгрејт на вмровските контрапротести“: Твитер реакции

Редакција

Касами е стабилна личност и не очекувам големи пресврти во БЕСА за комплетно да се приклучи кон опозициското мнозинство, вели Трајанов

Редакција