еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

До петок сончево и многу топло со температури околу 40 степени

Времето утре ќе биде сончево и многу топло. Максималните температури вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени.

Во петок и понатаму ќе биде многу топло, облачноста ќе се зголемува, а кон крајот на денот ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи засилен ветер, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Нестабилно време на повеќе места ќе има и во деновите од викендот, кога во попладневните часови наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со појава на град.

Температурата овие два дена ќе биде пониска за неколку степени, посочуваат од УХМР.

Фото: Photo by Anna Demianenko on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Над сто килограми марихуана пронајдени во пловен објект на Охридското Езеро

Редакција

Бебе од Струга со тешки телесни повреди донесено во болницата „Свети Еразмо“

Редакција

Убава вест: Оздравени 244 пациенти од Ковид-19, од Скопје 110

Редакција