еМагазин
Image default
Бизнис

Извозот во првите пет месеци зголемен за 44,3 отсто, а увозот за 39,5

Вкупната вредност на извозот на стоки, во првите пет месеци, изнесува 2.825.215.000 евра и бележи пораст од 44,3 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Вредноста на увезената стока во истиот период е 3.834.407.000, што е за 39,5 проценти повеќе во споредба со првите пет месеци лани, соопшти Државниот завод за статистика.

Трговскиот дефицит изнесува 1.009.192.000 евра, а покриеноста на увозот со извоз е 73,7 отсто.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта и фероникелот.

Во увозот се застапени најмногу другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, керамичките производи за лабораториска, хемиска и индустриска употреба, платината и легурите на платина, необработени или во прав и  нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови).

Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и НР Кина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗК Пелагонија со добивка во првите девет месеци од годинава

Редакција

Енергетска заедница: „Договорот помеѓу Макпетрол АД Скопје и Северна Македонија се приближува до целосна имплементација“

Редакција

Општина Кисела Вода склучи договор од 1,1 милион евра со „Мастеф“

Редакција