еМагазин
Image default
Бизнис

ЗК Пелагонија со добивка во првите девет месеци од годинава

ЗК Пелагонија во првите девет месеци од годинава оствари оперативни приходи во износ од 1.145.498 илјади денари, и истите бележат зголемување од 73% во однос на истиот пресметковен период од минатата година, информираат од компанијата преку Македонската берза.

“Во структурата на оперативните приходи највисока е ставката на приходите од продажба на добра и услуги кои опфаќаат 61% од вкупните оперативни приходи или износ од 701.232 илјади денари.

Приходите од продажба бележат тренд на зголемување во однос на претходната деловна година за 19%.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 406.260 илјади денари учествуваат со 35%  во вкупните оперативни приходи .

Остварените оперативни расходи заклучно со 30.09.2021 опфаќаат износ од 880.337 илјади денари и истите се помали во однос на оперативните приходи за износ од 265.161 илјади денари или за 23%.

Промената на вредноста на залихите во анализираниот пресметковен период од тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на пресметковниот период, генерира расходна ставка во износ од 89.428 илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка во износ од 175.733 илјади денари“, велат од Комбинатот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија со добивка

ЗК Пелагонија во првите три месеци од годинава со добивка

Цветан Панделески избран за претседател на Одборот на директори на „ЗК Пелагонија“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Владимир Пецовски купи акции во Реплек

Редакција

(Фото) КАМ маркет го отвора својот најголем и најсовремен маркет во Прилеп

Редакција

Mини ремонтот на Блок 2 во РЕК Битола

Редакција