еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

(Фото) КАМ маркет го отвора својот најголем и најсовремен маркет во Прилеп

Најголемиот малопродажен синџир во земјава, „КАМ“, отвора нов петти маркет во Прилеп, лоциран на улицата „Цар Самоил“ бр. 28, информираат од таму.

Новиот маркет се простира на вкупна површина од над 733 квадратни метри. Продажниот простор зафаќа 555 квадратни метри, речиси 120 квадратни метри се магацински простор, а преостанатите се помошни и канцелариски простории.

Во рамките на маркетот има и пекарница во која прилепчани ќе ги најдат највкусните лебови и печива, свежо печени секој ден. Исто така, за потрошувачите на „КАМ“ обезбеден е бесплатен паркинг простор за 117 возила.

– Продажната мрежа на „КАМ“ продолжува да расте, ова е нашиот 77. маркет. Со асортиман кој го сочинуваат околу 1700 артикли меѓу кои добро познатите производи под КАМ марка, како и познати интернационални брендови, остануваме посветени на целта да го доближиме високиот квалитет по редовно ниски цени до сите граѓани, велат од „КАМ“.

Маркетот е во склоп на „КАМ центар“, кој наскоро ќе ги отвори вратите за јавноста. На 2.200 квадратни метри, во современиот простор на „КАМ центар“ ќе бидат лоцирани повеќе брендови од различни дејности, чии имиња ќе се објават наскоро. Овој објект значително ќе придонесе за збогатување на шопинг искуството во градот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„КАМ маркет“ ги замрзнува цените на 100 производи

Трговците да го следат примерот на КАМ маркет, кој ги замрзна цените на 100 производи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Апасиев за изборот на Абази: „На денот на „лидерската“ ДУИ им го зеде и Обвинителството за организиран криминал“

Редакција

Ковачевски: Повлекувањето на ВМРО-ДПМНЕ од договореното ќе ги разочара граѓаните и меѓународната заедница

Редакција

„КИ-ЕМ“ го доби мултимилионскиот тендер на „Македонијапат“ за набавка на битумен

Редакција