еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Трговците да го следат примерот на КАМ маркет, кој ги замрзна цените на 100 производи

Во време на голема криза и пред новогодишните и божикните празници (кога цените на производите по некое непишано правило секогаш одат нагоре), КАМ маркет одлучи да ги замрзне редовните цени на 100 производи со цел да им излезе во пресрет на своите купувачи за празниците и да го ублажи шокот предизвикан од високата инфлација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„КАМ маркет“ ги замрзнува цените на 100 производи

Замрзнувањето ќе важи до 1 февруари 2023 година, со што компанијата излегува во пресрет и за „преживување„ на најтешкиот и „најдолгиот“ месец во годината – јануари.

На листата производи чии цени ќе останат замрзнати се и основни производи, како јајца, ориз, свежо месо и сувомеснати производи, млечни производи, тестенини, средства за лична хигиена, итн..

Редовните цени нема да се покачуваат, а во зависност од општото движење на цените на суровините, енергенсите и другите ресурси, тие може да останат исти или да бидат пониски, информираа од компанијата.

Е ова се вика вистинска општествена одговорност, со која лажно се „китат“ многу компании во Македонија и е вистински пример кој треба да го следат и другите трговци, од кои повеќето, за жал, во овие тешки времиња по којзнае кој пат покажаа колку се алчни и ја „заработија“ титулата “кризни“ профитери.

КАМ маркет и пред кризата важеше за едно од местата каде граѓаните можат да пазаруваат квалитетни и најевтини производи. Затоа и не им „бегаат“ купувачите.

Трговци, сега е времето да покажете дека се грижите вистински за своите купувачи, оти ако оставиме на државата – тешко на нас. Тоа купувачите сигурно ќе го запаметат и ќе вратат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нема криза за вработувања по министерства и институции

Надлежните институции со разно-разни оправдувања и патетични изјави изминативе месеци покажаа дека неможат да ја менаџираат кризата, па де немало доволно инспектори (но затоа периодов “фрчат“ стотици огласи за вработувања во министерства и институции, ама не и за инспектори), па пазарна економија сме биле (ма каква пазарна економија, во која цвета сива економија), кога сите гледаме како во вистински пазарни економии интервенира државата, оти нема друг лек, па незнам што… ама не забораваат да се пофалат секој ден дека „помагале“ со нашите пари, па и струја на државни фирми и институции им плаќаме, оти истите ги раководат партиски неспособни менаџери.

За тоа колку еден од надлежните министри, Крешник Бектеши си ја завршил работата како што треба покажа неодамна анкета на Меѓународниот републикански институт ИРИ, каде истиот има рејтинг од само 4%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Кои министри имаат највисок рејтинг во анкетата на ИРИ

Сами си собираме пари за лекување, странци ни донираат здравствена опрема, противпожарни и амбулантски возила, па време е и сами да си помогнеме за да се прехраниме и да ја преживееме кризата.

Фото: КАМ маркет/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(ВИДЕО) Скопје побеле: Падна првиот снег

Редакција

Кабинетот на Пендаровски за изјавите на Џамбаски: Ставовите на претседателот беа дадени по Советот на безбедност, надлежностите сега се кај Владата

Редакција

Почнува трката: Распишан огласот за субвенции за ПВЦ и алуминиумски прозорци

Редакција