еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Втор круг од Локалните избори: Ќе се гласа во 44 општини, прв круг ќе се прегласува на по едно избирачко место во Дебар и Шуто Оризари

Во вториот круг од седмите Локални избори денеска ќе се гласа за градоначалници во вкупно 44 општини на 2.481 избирачко место. Право на глас во овие општини имаат 1.353.990 избирачи.

Повторување на гласањето за градоначалник и за совет ќе има на едно избирачко место (0543) во Дебар, а ќе се прегласува и на избирачко место 2957/1 во Шуто Оризари за членови на совет.

Управниот суд го поништи гласањето на овие две избирачки места за гласањето од првиот круг на изборите на 17 октомври.

Нема да има гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше и Центар Жупа, бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. За овие две општини Државната изборна комисија (ДИК) ќе ја извести Владата, а потоа во Маврово-Ростуше и Центар Жупа ќе се организира повторување на гласањето за градоначалник согласно Законот за локална самоуправа. Членови на советот се избрани, бидејќи за нив не е потребен цензус.

Гласањето започнува во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Првпат на овие избори идентитетот на гласачите се утврдува со терминали за вчитување на отисоци од прсти, а исто така, како и на минатите избори, се применуваат општите мерки за заштита од Ковид-19.

Во вториот круг од Локалните избори ќе се гласа за градоначалници во општините: Арачиново, Битола, Боговиње, Брвеница, Василево, Вевчани, Врапчиште, Гевгелија, Гостивар, Дебарца, Демир Капија, Демир Хисар, Долнени, Желино, Зелениково, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Кратово, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Ново Село, Охрид, Пехчево, Пробиштип, Радовиш, Ранковце, Ресен, Росоман, Старо Нагоричане, Струга, Студеничани, Теарце, Тетово, Центар, Чаир, Чашка, Чешиново-Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Град Скопје.

Во првиот круг од гласањето беа избрани 32 градоначалници, како и членовите на општинските совети.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Државниот врв на божиќен ручек кај г.г. Стефан

Редакција

Постапка за Ленче Ристоска по нејзините критики за влијание во Советот на јавни обвинители

Редакција

Полесно ќе закажуваме тестирање на корона вирусот преку матичните лекари

Редакција