еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА

Денеска завршува јавниот повик за субвенции за плински уреди во возилата

Министерството за економија соопшти дека денеска се затвара јавниот повик за субвенции за вградување на уред на погон на течен гас (ТНГ), метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата.

Според јавниот повик кој беше објавен на 7 јуни, сите граѓани кои што ќе вградат ваков вид уреди во своите возила ќе можат да остварат право на поврат од 50 проценти од средствата за вградување на плински уред, но не повеќе од 18.000 денари односно 300 евра.

За да добијат субвенции, сопствениците на возила произведени од 2005 година па наваму, треба да извршат купување и вградување на уред за погон на ТНГ, метан или друг вид на алтернативно гориво во возилата, по денот на објавување на Јавниот повик, во некој од фирмите кои вршат продажба и вградување на таквите уреди.

Јавниот повик беше предвидено да трае 60 дена од денот на објавување. Од објавување на јавниот повик заклучно со денешниот ден се пристигнати 670 барања, а во буџетот на Министерството за економија за реализација на оваа мерка се предвидени вкупно 11.000.000 денари за околу 610 апликанти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Покачување на сите плати за 78%, 60 часа работа неделно е враќање во 19 век, порачаа синдикатите на денешниот протест

Редакција

Дури 40 отсто од граѓаните сметаат дека плата од 25.000 до 40.000 денари е доволна за нормален живот

Редакција

Познато кои видови на овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени: Домати, краставици, кромид…

Редакција