еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Дури 40 отсто од граѓаните сметаат дека плата од 25.000 до 40.000 денари е доволна за нормален живот

Резултатите од анкетните истражувања покажуваат дека една третина од македонските домаќинства сметаат дека нивната тековна финансиска состојба е полоша, додека помалку од 60% сметаат дека е иста како и пред една година.

Според последниот извештај за финансиска стабилност на Народната банка незадоволителната финансиска состојба на домаќинствата и неможноста за редовно намирување на основните парични обврски наметнува потреба од нивно натамошно задолжување.

„Така, околу 88% од домаќинствата се во можност редовно да ги намируваат сметките за комунални услуги, додека финансиската ситуација на само 28,4% од домаќинствата им овозможува редовна отплата на кредитот и враќање на заемите, а само 18,5% од домаќинствата се во можност да плаќаат закупнина за стан.

Зголемената задолженост на домаќинства е поткрепена и од нивните согледувања за нивото на потребните месечни парични средства со кои би можело нормално да се живее. Притоа, околу 40% од домаќинствата сметаат дека месечни парични средства помеѓу 25.000-45.000 денари се соодветни за нормален живот“, се вели во извештајт на НБРМ.

Воедно, редовните анкетни истражувања спроведени од Државниот завод за статистика го оценуваат нивото на месечните примања на домаќинствата во Република Македонија во 2017 година за незадоволително, при што околу 60% од домаќинствата сметаат дека нивните месечни примања главно или во целост не ги задоволуваат потребите.

„Оттука, независно од фактичката состојба кај овој сектор претставена преку показателите за нивната задолженост, ранливост и финансиска позиција, резултатите од анкетните истражувања спроведени на избран примерок на домаќинства покажуваат дека согледувањата на домаќинствата за нивната финансиска состојба и оптовареност со долг не се поволни упатувајќи на незадоволство за финансиската состојба и извесни потешкотии во намирувањето на трошоците за живот“, велат од НБРМ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Негативниот ПЦР тест за влез во Грција, наместо од 5-годишна возраст, задолжителен за сите со наполнети 6 години: Ова се најновите правила

Редакција

(Фото) Малиќи груп гради луксузен комплекс на Истра во Хрватска

Редакција

Пронајдено возилото од кое беше пукано во куќа во Тетово, било украдено од сопственикот под закана со пиштол

Редакција