еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ ЧИСТА ОКОЛИНА

Пристигна GM200ze ново мултифункционално возило на „Брако“: Косилка, чистач на снег, плажа или улици во едно 

По лансирањето на револуционерното водородно возило за одржување хигиена во урбани средини GM500H2, „Брако“ продолжува со иновации, информираат од компанијата.

Најновиот член во семејството на „зелените машини“ е мултифункционалното возило GM200ze, неверојатен носач на алат на две тркала, кој може да биде и косилка, и машина за чистење снег, за чистење плажа, за одржување хигиена во урбани средини, дури и плуг, машина за дување лисја и сè што корисникот може да замисли.

Станува збор за мала, компактна машина, комплетно електрично возило со етикетата на „Грин машинс“ (Green Machines), кое работи со нула емисии на штетни гасови, нула вибрации и нула врева.

Во предниот дел има универзален адаптер, кој овозможува поврзување со сите типови приклучоци на електрични алатки што постојат на светскиот пазар. Со ваквите неверојатни перформанси и можности, може да се користи 24/7, цела година, и на студените нордиски температури и на жешката клима на Бахамите.

GM200ze може да се користи и на отворен и во затворен простор. Погодно е за паркинзи, градини, магацини, плоштади, трговски центри, забавни паркови, туристички комплекси… секаде.

– Со години „Брако“ се стреми да придонесе за значително почиста средина, улици и градови. Потврда за тоа е нашето скорешно целосно преминување на зелена енергија, без користење на фосилни горива, со нула загадување.

Што се однесува, пак, на „Грин машинс“, екологијата е вградена во мисијата на оваа наша компанија и сите возила што се дизајнираат, произведуваат и се извезуваат од овие погони се карактеризираат со напредни, високотехнолошки перформанси, еколошки и софистицирани, вели Иле Атанасов, директор во „Брако“.

Освен со различни приклучоци, GM200ze може да се персонализира и со цела палета батерии, кои овозможуваат користење на возилото еден цел ден или повеќе денови во низа. Исто така, може да се користи како огромен извор на енергија за други е-алатки. Дефинитивно, тоа е машина создадена за сите што се грижат за животната средина, посочуваат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Политичари како бугарскиот пратеник Костадинов не се пожелни во државава, вели Ковачевски

Редакција

Нови 144 случаи на Ковид-19 од 1.545 тестирања, најмногу во Скопје, Куманово, Струмица и Кочани

Редакција

Јанкуловски: Заради вашето неверување во Ковид-19, непочитување и нечовечност земам брисеви од новороденчиња

Редакција