еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Политичари како бугарскиот пратеник Костадинов не се пожелни во државава, вели Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски ја осуди вчерашната изјава на бугарскиот пратеник и лидер на политичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов, кој при отворањето на Бугарскиот културен центар во Скопје даде изјава која содржи територијални претензии кон Македонија.

– Министерството за надворешни работи веднаш реагираше, а исто така и министерката за култура тоа го осуди. Исто така и јас сакам да го осудам. Навистина непримерно е човек којшто е дојден како гостин во оваа држава да се однесува на таков начин.

Вчера ние имавме чин на отворање на Бугарски културен центар така како што личи во Скопје со министер за култура дојден, со нашиот министер за култура, на ист начин како што сум кажал дека и ние ќе отвориме Македонски културен центар во Благоевград каков што имаме отворено и во Софија, рече Ковачевски при денешната посета на фабриката „Брилијант“ во Штип.

Дополни дека такви политичари воопшто не се пожелни во нашата држава.

– Такви политичари како тој вчера, има уште еден којшто мене видеа ми правеше, можам слободно да кажам дека воопшто не се пожелни во нашата држава, бидејќи освен ширење на немир, освен ширење на нетрпение помеѓу граѓаните на двете држави само заради свој политички интерес, бидејќи тие немаат никаква друга политичка агенда освен да добиваат некакви ситни политички поени на провокација на чувствата на нашите граѓани, такви политичари воопшто не се пожелни лично за мене во нашата држава и воопшто не мора да доаѓаат тука, нагласи Ковачевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарскиот пратеник Костадинов и од Скопје порача дека Македонија е втора бугарска држава

Македонското МНР ги осуди иредентистичките изјави на бугарскиот пратеник Костадинов

МИА/Фото: Фејсбук/Костадинов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Снег од неколку сантиметри во скијачкиот центар Попова Шапка

Редакција

Осомничениот е во бегство: Обвинителство со детали за убиството во казиното во скопски Капиштец

Редакција

Нова тура дипломати ќе дојдат во Македонија, Мицкоски вели дека ставот на ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени ќе остане ист

Редакција