еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Осомничениот е во бегство: Обвинителство со детали за убиството во казиното во скопски Капиштец

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

– Осомничениот 44-годишник, на 31 март, во казино на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје со умисла лишил од живот едно лице. Осомничениот, жртвата и уште две лица заедно дошле во казиното и играле на покер апаратите.

Помеѓу осомничениот и оштетениот дошло до вербална расправија и започнале да се туркаат, по што осомничениот успеал да го земе пиштолот што оштетениот го носел во појасот и пукал неколку пати во него. Потоа повеќе пати со рачката од пиштолот го удрил оштетениот во пределот на главата и избегал, информираат од Обвинителството.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје доставил предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

-Бидејќи тој во моментот е недостапен на органите на прогонот, доколку биде прифатен предлогот на обвинителот, мерката ќе започне да се извршува од неговото пронаоѓање и лишување од слобода, се наведува во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривична за скопјанецот осомничен за убиство пред казиното во Капиштец

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски се сретна со опозициските партии за референдумот за името

Редакција

(Видео) Британскиот премиер Борис Џонсон заразен од корона вирусот

Редакција

Убава вест: Оздравени 156 болни од Ковид-19

Редакција