еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Сите детали: Кои компании може да користат финансиска помош од новата бескаматна кредитна линија „Ковид 4“

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи денеска во Владата ја промовираше бескаматната кредитна линија „Ковид 4“, во износ од десет милиони евра, како дел од шестиот пакет антикризни мерки.

Како што изјави на прес-конференцијата Битиќи, оваа кредитна линија предвидува грантови до 15.000 евра за фирми од најпогодените сектори – туризам, угостителство, ивент индустрија, приватни здравствени установи, трговци поединци и занаетчии, доколку отворат нови работни места и ги зголемат приходите.

-Воочуваме постепено и стабилно подобрување на економската состојба што се отсликува преку повеќе макроекономски индикатори, повеќе статистички параметри кои укажуваат дека економијата оди во нагорна линија, рече Битиќи.

Тој дополни дека износот на кредитот ќе биде дефиниран во зависност на бројот на вработените и падот на приходите, а роковите за отплата ќе се движат од 36 до 42 месеци со 12 месеци грејс период.

-Во оваа кредитна линија е овозможена и грант компнента до 50 отсто на кредитот доколку корисниците на кредитите ги исполнат потребните услови, а тоа е во 2021 година да имаат пет отсто повеќе вработени во однос на 2020 година и вкупните приходи во 2021 година да се зголемени за 10 отсто во однос на лани, рече Битиќи.

Вицепремиерот потсети дека Владата досега има донесено шест сета мерки, со вкупно проектирана вредност од околу 1,1 милијарда евра, како директна помош за справување со последиците од корона кризата.

Министерот за финансии Фатмир Бесими на прес-конференцијата истакна дека се работи на тоа оваа година да биде година на заздравување на економијата, но и година за воспоставување на основите за забрзан и здрав и одржлив економски раст.

Бесими рече дека со новата бескаматна кредитна линија „Ковид 4“, дури до 50 отсто од кредитот може да се искористи како грант, додавајќи дека се очекува позитивен ефект од оваа кредитна линија, како што имало позитивни ефекти од претходните три бескаматни кредитни линии од Развојната банка во износ од 44,1 милиони евра, со кои беа поддржани над 4.000 фирми со вкупен број од 36.800 вработени.

Тој додаде дека дополнително ќе се поддржат стопанските субјекти со гарантниот фонд кој ќе гарантира кредити до 500 илјади евра на микро мали и средни претпријатија, што исто така, како што рече, ќе придонесе за поддршка нашата економијата.

Директорот на Развојна банка, Кире Наумов истакна дека за новата линија „Ковид 4“ ќе може да аплицираат малите, микро и средни компании што имале најмалку 30 отсто пад на приходите во 2020 година во однос на 2019 година.

Наумов исто така рече дека за оваа линија ќе може да се пријават компании од 23 шифри на дејност, а тука влегуваат оние од областа на превозот, угостителството, ивент индустријата, како и занаетчиите и приватните здравствени установи.

На конкурсот нема да може да се пријават единствено фирмите кои користеле поддршка за плати за февруари и март од петтиот пакет мерки.

Наумов истакна дека максималниот износ на кредитот е 30 илјади евра, а минимален изнесува три илјади евра, додека рокот на отплата е до 42 месеца, со грејс период од 12 месеци.

Компаниите ќе можат да аплицираат за оваа кредитна линија почнувајќи од 15 јули.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Брако“во 2022: План за нови вработувања и проектиран раст од 35%

Редакција

33 лица во Македонија од Ковид-19 починале надвор од болница

Редакција

(Галерија) Скопје покажа дека е град за велосипеди: Околу 2.000 лица учествуваа на “Скопје на точак“

Редакција