еМагазин
Image default
Македонија

Ревакцинирани се вкупно 237.322 граѓани

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Интересот за вакцинација секојдневно се зголемува, а досега бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 492.662 граѓани, информираат од Министерството за здравство.

На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 390.623 граѓани.

Прва доза вакцина вчера примиле 9.493 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.084 граѓани.

Во државата вкупно се аплицирани 627.948 дози вакцини, а ревакцинирани се 237.322 граѓани.

-Со последните бројки 53 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 50 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 45 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, се наведува во соопштението од Министерството за здравство.

Вакцинацијата, како што посочуваат од Министерството, се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб страницата vakcinacija.mk, а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура.

Масовна вакцинација се одвива во неколку градови во државата и тоа во А1 СЦ Борис Трајковски во Скопје, во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола, Струмица, Охрид, Велес и Прилеп.

Министерството за здравство апелира до граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk, бидејќи тоа е најлесниот и најбрз пат да се вакцинираат.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарската фондација “Македонија“ во „поход“ да купи македонски фудбалски клуб, од Вардар и Брегалница ја одбиле

Редакција

Дополнителни консултации дали Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Франција

Редакција

Одреден обвинител кој ќе постапува по предмети поврзани со безбедноста на новинарите

Редакција