еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дополнителни консултации дали Виктор Димовски ќе биде амбасадор во Франција

Министерот за надворешни работи Бујар Османи очекува деновиве да се одржи консултација со претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски и да се донесе одлука дали поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Виктор Димовски ќе замине на амбасадорското место во Париз, по случајот со државјанството на Олесандр Онишченко.

-Процедурата е до фаза кога треба да помине во Собрание во Комисија за надворешна политика, бидејќи е добиен агреманот, одбранети се тезите и треба да оди во Комисија за надворешна политика.

Меѓутоа, како што знаете и претседателот иницираше процес на консултации помеѓу претседателот, премиерот и мене, како министер за надворешни работи, за да ја процениме состојбата после овој развој на настани и после ќе донесеме на одлука. Досега нема донесена одлука по однос на амбасадорот, но верувам наредните денови ќе имаме таква консултација, изјави Османи.

Министерот потенцира дека треба да биде донесена политичка одлука, како и дека нема да се чекаат резултатите од истрагата.

– Сигурно дека резултати од истрагата ќе ни помогнат во нашата одлука, но сепак тука се работи за политичка одлука и за политички консултации, изјави на средбата со новинарите Османи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Виктор Димовски, новиот амбасадор во Франција

Кој е Зарко Милошевски, новиот директор на Агенцијата за национална безбедност

МИА/Фото: АНБ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЗО: Пак расте бројот на заразени со Ковид-19 во светот

Редакција

(Видео) Ковачевски, Маричиќ и Османи разговараа со Мишел за уставните измени во Блед

Редакција

На инфективните одделенија во земјава се лекуваат 679 пациенти болни и суспектни на Ковид-19

Редакција