Дојче веле пренесува дека германското Министерство за надворешни работи бара будност од германските граѓани при патување во Македонија поради заканите со бомби.
„Закани со бомби против јавни институции и објекти во последно време се регистрирани во главниот град Скопје. Тие првично беа насочени кон училишта и владини објекти, но во меѓувреме се погодени и хотели и други невладини установи.
Последно, беше неопходна евакуација на меѓународниот аеродром Скопје, каде сообраќајот мораше да биде привремено запрен. Треба да се смета со ограничувања и сообраќајни проблеми“, се вели во информацијата на германското МНР.
Од Берлин се посочува дека досега сѐ е „останато на закани“ и од германските граѓани се бара да бидат будни и претпазливи, како и да се информираат од доверливи локални и социјални медиуми во врска со актуелната ситуација и да ги следат препораките на локалните власти и безбедносни сили, пренесува Дојче веле.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија го алармирала НАТО за дојавите за бомби
И НАТО не може да не спаси од лажни дојави за бомби