еМагазин
Image default
Македонија

Условна казна затвор за лицето кое ја нападна екипата на телевизијата 24

Телевизијата 24 пренесе дека Милчо Пенов, кој физички и вербално ја нападна екипата на телевизијата додека таа снимаше инсерти пред куќата во која е пријавено престојувалиштето на контроверзниот украински олигарх Олександар Онишченко, доби едногодишна условна казна затвор со заштитен надзор, откако претходно ја призна вината пред судот и упати јавно извнување до снимателот на ТВ 24 кого и физички го нападна.

Судијката Билјана Коцевска, како што пренесува ТВ 24, објаснила дека предвид се земени олеснувачките околности – возраста на Пенов, како и доказите за неговата влошена здравствена состојба, но и отежнувачките околности – напад на јавно место, како и напад врз новинар кој професионално ја извршува својата задача на терен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимател на ТВ 24 физички нападнат од сопственикот на куќата, која е пријавена за престојувалиште на Онишченко

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Откако се спогодил за „Империја“, Камчев зел кредит и уплатил над 5 милиони евра во државниот буџет

Редакција

Нема откажување, ќе бидеме и членка на ЕУ, вели за блокадата од Бугарија Османи

Редакција

Продолжи судењето за „Рекет“: Катица Јанева го тужи Боки 13 за неовластено снимање

Редакција