еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Повеќе се жени: 44,5 години просечна возраст на заболените од коронавирусот во Македонија

Просечната возраст на заболените од коронавирусот во Македонија е 44,5 години, а повеќе од вирусот се заразени женски лица, покажува анализата на податоците од страна на Институтот за јавно здравје, заклучно 23. април, која еМагазин секојдневно ја пренесува.

“Во однос на дистрибуцијата по пол, регистрирани се 629 машки и 697 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 60,7/100.000, додека кај женските 67,5/100.000.

Возраста на заболените се движи од 0 до 91 години (просек – 44,5 години).

Најголем број на заболени се на возраст од 50-59 години – 276 (20,8%), каде е регистрирана и највисока специфична инциденца – 99,3/100.000.

Кај лица над 60 години регистрирани се 270 случаи со инциденца од 70,4/100.000.

Најниска инциденца од 22,4 и 21,8 на 100.000 жители се регистрира кај деца на возраст од 10-19 и 0-9 години, каде се пријавени 56 и 50 случаи соодветно“, стои во анализата на ИЈЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

222 здравствени работници во Македонија заболени со коронавирусот, 37 оздравени

Хоспитализирани биле/се само 21,3% од заболените од коронавирусот во Македонија

Новопочинатиот од коронавирусот од Скопје имал претходни заболувања

На возраст од 30-39 и над 60 години најмногу од новозаболените со коронавирусот во Македонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Радникот сведочеше во „Монструм“: Немав најава, ниту терав некого да признае вина за петкратното убиство

Редакција

Безживотното тело на Ердон Рамадани, момчето кое со автомобил падна во Вардар, идентификувано од семејството

Редакција

Народна банка: Најмногу се земаат потрошувачки и станбени кредити, зголемени негативните салда на картичките

Редакција