еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Сексуалните работнички маршираа против насилството и дискриминацијата и повторно побараа декриминализација на нивната работа

По повод одбележувањето на 17-ти декември – Меѓународниот ден за стоп на насилството врз сексуалните работници, денеска во Скопје се одржа Марш на црвените чадори.

Маршот почна од платото пред Спомен куќата на Мајка Тереза на улица „Македонија“ и заврши на плоштадот „Филип II“.

– Ние, сексуалните работници, здружени во СТАР-Првиот колектив на сексуални работници на Балканот, заедно со нашите партнери и поддржувачи ХОПС-Опции за здрав живот Скопје, ТрансФормА и Коалиција МАРГИНИ, овогодишната кампања ја посветуваме на 15 годишниот јубилеј, преку ретроспектива на изминатите маршеви на црвени чадори, на сите наши успеси, постигнувања, јавни пораки и барања, но и предизвици и проблеми со кои сме се соочувале низ годините во борбата против насилството и дискриминацијата, информираа организаторите.

Тие потсетија дека првиот Марш на црвените чадори беше одржан во Скопје на 17-ти декември 2008 година, во организација на здружението ХОПС и тогаш неформалната група СТАР-СТАР.

– Првите три години јавните протести на сексуалните работници беа симболични и се одвиваа без присуство на медиумите, што пак се должеше на стравот да излеземе во јавност и јавно да зборуваме за нашите проблеми и потреби.

Но, од година во година станувавме се похрабри и погласни во борбата против насилството, стигмата и дискриминацијата и благодарение на Вашата медиумска поддршка овие јавни настани добиваа се поголема видливост. Повеќе не сме скриени во општеството и зборуваме во свое име, посочија организаторите на маршот.

И на денешниот марш побараа подобри и побезбедни услови за работа, подобро законско решение за сексуалната работа во земјата и декриминализација на сексуалната работа.

Фото: Фејсбук/СТАР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за квалитет и акредитација на здравствени установи распиша тендер за набавка на лимузина

Редакција

Од „Жан Митрев“ добивме 560 досиеја за пациенти кои биле третирани со хемофилтрација, потребно е време за анализа, вели Сали

Редакција

Последниот регистриран пред неколку дена: 111 импортирани случаи на Ковид-19 во Македонија

Редакција