еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Бугарската фондација “Македонија“ во „поход“ да купи македонски фудбалски клуб, од Вардар и Брегалница ја одбиле

Бугарската фондација “Македонија“, чиј претседател е Виктор Стојанов, на кого му е забранет влез во Македонија, испратила понуда да го купи скопски ФК Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Виктор Стојанов, кој нуди 200 евра за име и презиме на македонски полицаец

Информацијата на социјалните мрежи ја сподели Стојанов, а клубот ќе го купела бугарска компанија.

Од таму му одговорија дека клубот не е на продажба.

-Ситуацијата е крајно алармантна. До клубот пристигна финансиска понуда од страна на бугарската фондација “Македонија”, која што сака да го купи нашиот Вардар, а со тоа и да го смени целиот идеолошки наратив, врз кој 76 години, континуирано се развивал клубот.

Нашиот став е дека воопшто не постои простор за дискусија со луѓе кои што не го признаваат македонскиот идентитет, па затоа одговорот ќе го објавиме вака јавно, нека биде тоа одговор на македонскиот народ, кон нечесната и крајно тенденциозна понуда: Вардар не е на продажба!

На ваквите напади ќе продолжиме да одолеваме, само доколку секој од нас ја разбере важноста на купување на членската карта. Секој!

Членската карта е наш одговор и најважно оружје при одбраната на Вардар – народниот клуб, највредното кое го поседува Македонија на спортски план и симболот на нашиот вечен непокор!

Голем е, затоа сакаат да го уништат – голем е, затоа ќе го заштитиме!

Воедно, ги повикуваме сите надлежни институции, особено оние кои подадоа рака. Време е за акција, народот повикува на борба за клубот. Членската карта е обврска за сите. Подадената рака значи одговорност!

Биди на стадионот кога ќе грмне “Море сокол пие”. Нека биде тоа нашиот одговор!

Купи членска! На сите продажни места на “МК Тикетс”. Онлајн преку линкот: karti.com.mk“, стои во објавата на клубот на Фејсбук.

Стојанов се фали и дека разговарал и за купување на ФК Брегалница од Делчево.

Ама и од таму го “откачија“:

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

САД во престојните месеци ќе објават нова „црна листа“ на корумпирани функционери од Македонија

Редакција

Цената на храната догодина ќе биде енормно висока, вели Ковачевски

Редакција

Во Комерцијална банка 4.940 акционери, „Адора инженеринг“ најголем

Редакција