еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Виктор Стојанов, кој нуди 200 евра за име и презиме на македонски полицаец

Виктор Стојанов, претседателот на бугарската фондација, “Македонија“ повторно е во фокусот на јавноста, откако на Фејсбук објави пост во кој нуди 200 евра за идентитот на македонски полицаец од граничниот премин Деве Баир.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанов ја врати објавата во која нуди 200 евра за идентитетот на македонски полицаец, МВР го известило Обвинителството

Пред извесно време тој на социјалните мрежи упати и закана за физичка ликвидација на претседателката на Kомисијата за спречување и заштита од дискриминација, Весна Бендевска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Откако се утврди дискриминација на Македонците, Бендевска доби закани за ликвидација од Стојанов, претседател на бугарската фондација “Македонија“

Кој е Стојанов

На македонската јавност Стојанов и стана познат во 2021 година кога не му беше дозволено во Македонија да внесе “бугарски книги“ за етничките Бугари, во рамките на инцијативата на фондацијата, „Испрати бугарска книга за Македонија„.

Реагираше и бугарското Министерство за надворешни работи, па на крај книгите влегоа во Македонија.

Оваа фондација пред неколку месеци се пофали и дека низ Скопје нејзини членови залепиле 10.000 налепниците на кои пишува дека сме биле еден народ со Бугарите.

30 евра за деца да учат бугарски јазик

Фондацијата беше актуелна и со тоа што им дава по 30 евра на децата во Македонија за да учат бугарски јазик, литература и историја во рамки на он-лајн училишите, регистрирано во Бугарија и за кое не му треба дозвола во Македонија.

Фондацијата беше во фокусот и со провокативното „чистење“ на споменици низ Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Нова провокација од Бугарите, овојпат со чистење на споменикот на Гоце Делчев и поставување на бугарското знаме

Антимакедонски активист

Неговата антимакедонска активност не е тајна, доволно е само да му се разгледа профилот на Фејсбук, на кој пред неколку месеци јавно објави и имиња на лица за кои тврди дека биле агенти на македонската Агенција за национална безбедност.

На Фејсбук се пофали и дека во Скопје организирал воена обука.

Активен е и во Албанија и тврди дека таму има повеќе од 50 илјади Бугари.

Фото: Фејсбук/Стојанов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За членовите на НО на Жито лукс месечен надоместок од 300 евра

Редакција

Отец Пимен: Не е проблемот во мерките, туку во нивното кршење

Редакција

Владата ја донесе одлуката за повисока еколошка такса: 3,1 денари за безоловниот бензин и 3,5 за останатите горива

Редакција