еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Владата ја донесе одлуката за повисока еколошка такса: 3,1 денари за безоловниот бензин и 3,5 за останатите горива

Владата на денешната 82. седница го утврди текстот на Предлог-законот за изменување на законот за животна средина, со кој се предвидува зголемување на еколошката такса.

Како што појаснуваат од прес-службата на Владата, со предложените измени се предвидува зголемување на еколошката такса, односно се предлага зголемување на давачката за увоз на нафтените деривати во земјата за 3,5 денари за моторен бензин со содржина на олово повисока од 0,013 г/л и за авионски бензин, гориво за дизел мотори, екстра лесно масло за горење и масло за горење М1, М2 (мазут), како и зголемување од 3,1 денари за моторниот безоловен бензин со содржина на олово до 0,013г/л како помалку загадувачки нафтен дериват во однос на останатите предвидени деривати.

-Основната цел поради која се предлагаат овие измени и дополнувања се доуредување на делот за финансирање во животната средина, доследна примена на начелото „загадувачот плаќа“ и прибирање на потребните средства за преземање на мерки и активности за заштита и унапредување на животната средина, стои во соопштението од владината прес-служба.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бран на поскапувања ќе донесе еколошката такса за горивата

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција

Кој е Тирон Јајага, кандидатот за заменик министер за одбрана на Алијансата за Албанците

Редакција

Три години и еден месец затвор и парична казна од 5.000 евра за Марјан Стаменковски, сопственикот на „ДоказМ“

Редакција