еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Бран на поскапувања ќе донесе еколошката такса за горивата

Како резултат на воведување на еколошката такса, од први јули цената на сите горива ќе се зголеми за 3,5 денари.

„Зелениот данок“, Владата веќе го пресмета со ребаланот на Буџетот и очекува за шест месеци од оваа такса да собере околу 27,4 милиони евра во Буџетот, или годишно по околу 54 милиони евра.

Премиерот Зоран Заев вчера на граѓаните им порача да се движеле почесто со велосипед, тротинет и електрични возила, иако нивниот број во Македонија е многу мал.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има еколошка такса за нафтените деривати од 3,5 денари и намалување на ДДВ-то за струјата

Следи бран поскапувања

За очекување е дека новите цени на горивата, без разлика дали користите возило на бензин или на електрична енергија, ќе предизвикаат бран на најразлични поскапувања на стоки и услуги, од транспорт до земјоделски производи, па следствено на тоа и на основи работи, како што е на пр. лебот.

Последниве месеци веќе се забележува поскапување на бројни производи и без еколошката такса, а Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) неодамна информираше дека синдикалната кошница само во двата последни месеци е зголемена за повеќе од 400 денари.

“Ако продолжи со вакво темпо на зголемување во просек од 200 денари месечно до крајот на годинава нема да бидат доволни ни три минимални плати за покривање на основните потреби на едно четиричлено семејно домаќинство“, соопштија од ССМ.

Според ССМ, вредноста на Синдикалната минимална кошница за мај 2021 година изнесува 34.156 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Основните трошоци за живот поскапени: За два месеци синдикалната кошница зголемена за повеќе од 400 денари

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарско МНР ја повикало амбасадорката Руси, заради изјавите на Пендаровски за малтретирањето на македонското малцинство во Бугарија

Редакција

(Фото) И во Битола Парада на гордоста

Редакција

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

Редакција