еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кои се кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалници во Центар, Кисела Вода, Штип, Велес, Прилеп…

ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ денеска објавија дел од кандидатите за градоначалници за претстојните локални избори:

Кисела Вода – Орце Георгиевски, организациски секретар на партијата.

Сопиште – Стевче Трповски, актуелен градоначалник.

Центар – Наташа Котлар, доктор по компаративна историја.

Кочани – Љупчо Папазов, бизнисмен.

Петровец – Борче Митевски, актуелен градоначалник.

Илинден – Александар Ѓоргиевски, магистер по политички науки од МТСП, советник во општината.

Штип – Иван Јорданов, актуелен пратеник.

Велес – Марко Колев, од невладиниот и од бизнис секторот.

Радовиш – Александар Ристов, експерт од областа на енергетиката и стопанственик.

Конче – Златко Ристов, детектив и поранешен бранител.

Босилово – Ристо Манчев, магистер по економски науки и консултант.

Валандово – Тони Узунов, стопанственик.

Богданци – Маријан Пеев, вработен во општината.

Дојран – Филип Дончовски, инженер по шумарство и раководител на прочистителна станица во Нов Дојран.

Гевгелија – Андон Сарамандов, стручњак по земјоделски науки.

Неготино – Горан Стојанов, доктор интернист и раководител на Итната медицинска помош.

Демир Капија – Андон Донев, наставник.

Росоман – Тихомир Николов, ИТ-инженер.

Прилеп – Борче Јовчевски, сметководител во Агенцијата за храна и ветеринарство.

Кривогаштани – Александар Богдановски, раководител.

Могила – Слободанчо Саботковски, земјоделец и агент за продажба на осигурителни полиси.

Новаци – Стевче Стевановски, агроном.

Вевчани – Спасе Кочовски, социолог.

Брвеница – Јовица Илиевски, здравствен работник во Клиничкиот центар Тетово и физиотерапевт.

Јегуновце – Димитар Костадиновски, специјалист по маркетинг.

Гази Баба – Бобан Стефковски, магистер по безбедносни науки од Министерството за труд и социјална политика, советник во општината.

Според потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, овие кандидатите ќе донесат победа на овие локални избори.

–Убеден сум дека ова е вистинската понуда за нов почеток, за нова сила која што ќе донесе промени и решавање на проблемите на сите граѓани, за тоа што Македонија мора да биде земја за сите луѓе, рече Николоски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во изминатите три дена, нови 899 случаи на Ковид-19, оздравени 670, нема починати

Редакција

И на Пендаровски во Атина му кажаа дека за таблите со нашето старо име надлежни биле грчките општини

Редакција

Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација

Редакција